И по две години, полицијата не ги идентификува хулиганите што дивееја во Центар

Од:

Советниците на општина Центар, со мнозинство гласови одбија да расправаат за годишниот извештај на полициската станица Центар-Скопје.

Две години веќе, посочија советниците од коалицијата предводена од СДСМ, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, наместо да го почитува Законот и до Советот да достави листа од тројца можни кандидати за командир на ПС “Беко“, самата си бира и назначува в.д. командири.

За оваа нејзина одлука, Советот на општина Центар редовно дознава од медиумите. Координаторот на советничката група на СДСМ и коалиционите партнери, Игор Алаџајков, посочи дека со досегашните в.д. командири Советот немал добра соработка, бидејќи поставувале многу прашања, но не добиле ниту еден одговор.

“В.Д. Командирот и полицијата не смогнаа сили и за две години не открија кои се виновниците кои упаднаа во општина Центар и ја демолираа и кои се лицата кои физички го нападнаа советникот Илија Илиоски од ВМРО – ДПМНЕ, кога се движел кон местото каде што се одржуваше вонредната седница на Советот. Хулиганите не се пронајдени и идентификувани. Се понудивме – имињата да им ги соопштиме, бидејќи тие се сликаа со високи функционери на власта“, рече Алаџајков.

Координаторот посочи дека овој в.д. командир, кој на извештајот е потпишан како “командир“, не дојде ниту на седницата на Советот, не е избран од нив и затоа го упати годишниот извештај за неговата работа да го разгледува оној што го избрал. Од ВМРО – ДПМНЕ поставија прашање дали сеуште полициската станица има лице кое е в.д. командир, се’ додека не биде назначено од министерката.

Според законите, командирот се избира со мнозинство гласови од вкупниот број советници од листа со најмалку тројца кандидати, предложена од министерот за внатрешни работи.

Советниците со 12 гласа ЗА (коалицијата предводена од СДСМ), 10 гласа ПРОТИВ (коалицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ) и еден воздржан глас од советник од ВМРО – ДПМНЕ, одлучи оваа точка да се симне од дневен ред на седницата на Советот.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски