И од Прилеп тргнаа автобуси со членови на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Вечерва од Прилеп и Битола тргнаа автобуси со членови на ВМРО-ДПМНЕ кои веќе се истоварија пред Уставниот суд. ВМРО-ДПМНЕ носи луѓе од цела Македонија пред утрешната седница на Уставниот суд. Мобилизацијата вечерва следуваше по протестот организиран од невладината АЈДЕ, а кој го поддржа целата опозиција.

Се носат вработени во администрација со протисок накај Скопје, а голем дел ќе доаѓаат во раните утрински часови. Сето ова се прави за да се даде поддршка на петмината уставни судии кои по политички диктат на власта треба да изгласаат претседателот да може да амнестира извршители на изборен криминал како и педофили.

Уставните судии во 9 часот изутрина ќе гласаат по точката, и се очекува пемината судии кои се поврзуваат со ВМРО-ДПМНЕ да ја изгласаат. Уставниот суд дури и забрани присуство на јавноста и одлуката имаат намера да ја носат зад затворени врати.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина