И Мицкоски негативен на вториот тест за коронавирус

Од:

„Денеска е седмиот ден од мојата самоизолација или 14-ти ден од последниот контакт со лице инфицирано од Ковид-19 вирусот. Во текот на денот бев тестиран, а штотуку ги добив резултатите од денешното тестирање и со задоволство можам да кажам дека сум негативен на тестот, што практично потврдува дека не сум инфициран од Ковид-19 вирусот“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тој им се заблагодари на медицинските лица, припадниците на МВР, АРМ и „на сите оние кои што се грижат за македонските граѓани и за Македонија“.

„Овој Велигден е различен од оние Велигдени кои што јас ги паметам во животот, за жал поради оваа пандемија предизвикана од Ковид-19 вирусот ќе нема можност заедно со илјадници луѓе православни христијани вечерта сабота спрема недела да го дочекам Христовото Воскресение пред некој од православните христијански храмови. Но тоа ќе го направам дома, во кругот на семејството, за да се заштитам себе, но она што е поважно да ги заштитам и другите. Самите ќе си ја потпевнуваме онаа строфа од Велигденската литургија, кога велиме дека Христос воскреснал од мртвите и со смрт смртта ја победи, а на оние во гробовите живот им даде. Ајде сите ние заедно почитувајќи ги препораките да дадеме и да заштитиме што е можно повеќе човечки животи и овој Велигден да го прославиме во кругот на семејството, а Христовото Воскресение да го дочекаме заедно со нашите најблиски во нашите домови. Сигурен сум дека ќе успееме во тоа“, вели тој.

Претходно, и лидерот на СДСМ Зоран Заев објави дека е негативен на вториот тест за Ковид-19.

Двајцата лидери на политичките партии беа во самоизолација последнава недела, откако во рок од два дена беа на интервју во „Канал 5“ телевизија со уредникот Гоце Михајлоски, за кој подоцна се испостави дека е позитивен на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Мицкоски до Филипче: Мерките даваат резултат, инфлацијата e ниска

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

(ВИДЕО) Мицкоски: Дизелот поевтин за 4, бензините за 2 денара по литар