И Либерална партија не ги прифаќа резултатите од изборите

Од:

Извршниот комитет на Либералната партија пред вечерашното пребројување на изборните резултати соопшти дека се солидаризира со ставот на мнозинството опозициски партии за неприфаќање на резултатите од денешните избори.

„За Либералната партија регуларноста на изборите не зависи само од денот на гласањето, туку од целокупната атмосфера во предизборниот период, употребата на институциите и органите на државата и од слободата на изразувањето на сопственото политичко уверување. За ЛП е јасно дека Република Македонија влегува во нова политичка состојба. Нејзиниот расплет очекуваме да започне од моментот кога ќе започне расчистувањето на аферите пласирани меѓу двата изборни круга“, се вели во соопштението на либералите.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември