И Кавадарци ќе има зонско паркирање

Од:

Во општина Кавадарци тече процедурата околу обезбедување на јавно-приватно партнерство за спроведување на зонско паркирање во градот, информираат од квадаречката локална самоуправа. Паркирањето во зони, нагласуваат, е еден од начините за решавање на проблемот со недоволно паркинг места, особено во пазарни денови.

– На последната седница на општинскиот Совет донесена е одлука за старт со процедура за доделување на договор за концесија за давање на паркинг услуги. Во одлуката, која ја изгласа мнозинството советници, стои дека оправданоста за доделување на договор за конецесија произлегува од потребата за одржување и користење на јавниот простор за воспоставување на организиран режим на паркирање преку користење на затворените паркинзи и јавните површини, бидејќи општина Кавадарци не располага со буџетски фискален капацитет кој може да обезбеди ефикасен начин за организирање на зонско паркирање, соопштуваат од општината.

Во образложението на одлуката се вели дека целите кои треба да се постигнат со зонското паркирање преку јавно приватно партнерство се, уредување и организирање на нов, модерен и автоматизиран начин на управување и контрола со уличното паркирање, како и на паркирањето од затворен тип, набавка на опрема за давање на услугата паркирање од приватниот партнер, зголемување на квалитетот на услугите за паркирање, подобрување на сообраќајниот тек и поголема безбедност низ улиците во Кавадарци, како и зголемување на искористеноста на секое паркинг место.

Проценетата вредност на договорот за концесија изнесува 269.922 евра. Постапката за доделување на договор за концесија ќе се спроведе преку отворен повик, согласно Законот за јавни набавки. За да се спроведе оваа постапка градоначалникот на Кавадарци Александар Панов ќе формира посебна комисија составена од по еден претставник од позицијата и опозицијата, како и нивни заменици кои ќе ги одреди комисијата за мандатни прашања, избори и именувања.

Би можело да ве интересира

42-годишен маж од Кавадарци ја задави својата партнерка

Пожар во старски дом во Кавадарчко, евакуирани 30 станари

Катерина Ѓуровски

Обвинение за каварадчанката која со чекан ја уби мајка си, била со намалена пресметливост

Катерина Ѓуровски

Се бара изградба на обиколница во Кавадарци за да се намали загадувањето на воздухот

А1он

Основен суд Кавадарци: Одбиени предлози за укинување одлуки за продажба на имот на поранешно „Фени”

Маж од Кавадарци задобил тешки повреди на работното место