Премиерот Никола Груевски го попoлнува и вториот владин ешалон. До парламентот ја достави листата на заменици – министри.
Од 15 имиња шест се нови. Во Владата на Груевски влегува и ГРОМ на Стевчо Јакимовски. Љупчо Пренџов од ГРОМ е предложен за заменик министер за локална самоправа.
Новинарот Зоран Петров од Демократскиот сојуз ја напушта заменичката функција во ресорот за надворешни работи, а на негово место доаѓа неговата сопартијка Драгана Кипријановска.
Спиро Ристовски, министерската ја заменува со заменичката фотеља во Министерството за образование.
Втор човек во Mинистерството за одбрана ќе биде поранешниот пратеник на ДУИ, Арбен Лабуништа на местото на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Димитров, кој седна во пратеничките клупи.
Во транспорт и врски доаѓа Ниметула Хаљими, а во Mинистерството за земјоделство Ванчо Костадиновски.
Во останатите ресори остануваат старите кадровски решенија.
Т.Ц.