И граѓаните на Охрид на референдум ќе се изјаснуваат за бегалците

Од:

Со 13 гласови „за“ Советот на Општина Охрид денеска донесе одлука за спроведување рефенрендум на кој граѓаните ќе се изјаснуваат за подготвеноста на оштината на своја територија да прифати и смести лица – баратели на азил.

Со ист број гласови мнозинството во Советот предводен од ВМРО-ДПМНЕ ја прифати и одлуката референдумското изјаснување да се спроведе на 15 октомври, на денот на одржувањето на локалните избори.

Двајца од вкупно 25-те советници се изјаснија „воздржани“ на гласањето, додека останатите не ни гласаа.

Советниците на мнозинството го обвинија своите колеги кои не гласаа дека на тој начин придонесуваат Охрид од туристички да го претворат во бегалски центар, додека оние од опозицијата со став дека граѓаните на Охрид на референдум ќе се треба да се произнесат по беспредметно прашање.

Би можело да ве интересира

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Пецаков најавува старт на реконструкцијата на Холандскиот парк во Охрид

Филипче: Со чесна и посветена работа Асен Шајн ќе го врати сјајот на Охрид

Охриѓанец го запалил глисерот на брат му, огнот зафатил и зграда

Катерина Ѓуровски

Референдум во Република Српска на 25 октомври

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник