И денеска топло, температури до 24 степени

Од:

Наутро по одделни котлини има услови за појава на магла. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Во планинските региони ќе има зголемена облачност и услови за слаб повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени.

Во Скопје наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла, а преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Во следните денови времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Дневните температури ќе бидат пониски.

Би можело да ве интересира

Облачно со дожд денеска, во следните денови пад на темепратурата

Сончево време со мала до умерена облачност, попладне услови за слаб локален дожд

Катерина Ѓуровски

Сончево со температури до 20 степени

Сончево и температури до 21 степен

Сонце, малку ветер и температури до 18 степени

Облачно, локален дожд и температури до 16 степени