И „Белизе Бенд“ проблем за власта –информативен разговор за управителот на “Мемоар кафе“ поради настап на бендот

Од:

Раководителот на Мемоар Кафе каде се организираат хуманитарни забави, со настап на „Белизе бенд“ и каде се собираат пари за најазгрозените граѓани во Македонија, бил повикан на информативен разговор.

-Раководителот на Мемоар Кафе е повикан на информативен разговор во Беко, претресуван до гола кожа, одземен му е телефонот за да се провери кој ги организирал свирките на Белизе бенд со песни во кои се навредува неговото височество и добил забрана за повторно собирање од тој вид.

За време на распитот пуштани му биле нашите песни за да му стане појасно.

Дечки, во петок имаме свирка во Мемоар во рамките на хуманитарната забава за помош на Николче од Велес.

Ако сега Белизе не собере 598 члена и јаче, јас стварно не знам кога, напиша актерката Ирена Ристиќ, која настапува со актерката Ана Костовска како „Белизе Бенд“, а за хумантираниот настан за помош на братот и сестрата од Велес чија куќа изгоре минатата недела.

А1 он контактираше со сопственичката на „Мемоар кафе“ која потврди дека управителот бил повикан во полиција и бил распрашуван за настапот на „Белизе Бенд“ но дека и не добил никаков документ за тоа што бил повикан и распрашуван.

Во петок во „Мемоар кафе“ има хуманитарна журка со Белизе Бенд, која нема да се откаже и се очекува големо присуство за да им се помогне на братот и сестрата од Велес.

Би можело да ве интересира

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

Протест „Стоп за УСЈЕ“, се бара дислокација на цементарата