И амнестијата за 27 април на Мукоски, Василевски и Тарчуловски в среда на седница на Уставниот суд

Од:

Уставните судии на седницата в среда, како шеста точка на дневен ред, ќе расправаат дали да ја прифатат иницијативата за оценка на уставноста на амнестијата на обвинетите за упадот во Собранието од 27 април 2017 година.

Дневниот ред на Уставниот суд за седницата закажана за четврти декември

Иницијативата се однесува на членовите 1 и 2 од Законот, со кој беа амнестирани лица извршители на упадот во Собранието. Нема информација кој е подносител на барањето до Уставниот суд.

Со Законот, кој се спори пред Уставниот суд, се ослободија од кривично гонење, се запреа поведените кривични постапки и целосно се ослободија од издржување на казната затвор лицата за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело поврзано со настаните во Собранието.

Закон за амнестија, донесен во декември 2018 година

Од судењето беа амнестирани пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов и Љупчо Димовски, како и водачите на „За заедничка Македонија“ Богдан Илиевски Бетмен, Борис Дамовски и Владо Јовановски и други осомничени и обвинети лица.

На останатите 16 обвинети во тој процес, судијката Добрила Кацарска, им пресуди вкупна затворска казна од 211 години за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Шест уставни судии веќе ја прифатија иницијативата за преиспитување на уставноста на членот 11-а од Законот за дополнување на Законот за помилување од 2016 година, што му овозможи на поранешниот претседател, Ѓорѓе Иванов, да ги поништи помилувањата кои самиот ги даде во април 2016 година за 56 лица, меѓу кои речиси целокупниот врв на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Уставен не гласаше за Законот за банки, ќе чека информација од ДКСК за евентуален конфликт на интереси на судии

Оштетените штедачи на собир пред Уставниот суд, каде на дневен ред е иницијативата за член од Законот за банки

Уставен ќе ја разгледува законитоста на член 163 од Законот за банки

Уставниот суд ќе распарава за Законот за Договорот од Преспа и за Законот за употреба на јазиците

Катерина Павлова-Николовска

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата за Законот за банки

Ана Ололовска

Уставниот суд ќе одржи подготвителна седница за ратификацијата на Договорот од Преспа и за Законот за употреба на јазиците

Ана Ололовска