Под мотото „Фондот за Тамара“, група граѓани на 27 ноември во Велес организира хуманитарен концерт за помош на малата Тамара Димовска, на која и е потребна итна операција.
Концертот ќе се одржи во спорската сала “Гемиџии” 20 часот, а ќе учествуваат голем број естрадни уметници.
Претходно, на 22 ноември, во велешкиот клуб „Авангард” концерт ќе одржи групата ДНК со кој ќе се вклучи во хуманитарната акција за малата Тамара. Концертниот настап на ДНК ќе започне на полноќ.
Тамара Димовска има девет годинки и вродена маана на рбетниот столб. Првата операција и беше извршена во Македонија пред две години. Родителите тогаш по првпат се обратија за помош до сите хумани луѓе но сега поради немање доволно апаратура тука, Тамара треба повторно да оди на операција во Хрватска, која чини 30.000 евра.
Средства за малата Тамара можат да се донираат и на телефонските броеви:
T-Mobile- 070143115
Вип : 077143123
Трансакциска сметка за донации: 380477149401140 Прокредит банка Велес на име Тамара Димовска
Девизна сметка: НЛБ Тутунска банка АД Скопје, улица: Водњанска бр 1 Скопје, Македонија IBAN CODE MK 07210501622216118SWIFT TUTNMK 22.