Хуманитарната манифестација „Етно–Вешта жена“

Од:

Во Домот на култура „Илинден“ во населбата Илинден  денеска  ќе се одржи хуманитарна манифестација „Етно – Вешта жена“, по повод христијанскиот празник Свети Јован.

Предвидено е учество на 50 жени од 12 населени места од Општина Илинден кои ќе подготват македонски традиционални јадења и ќе ги презентираат пред гостите кои ќе можат да ги купат. Манифестацијата има хуманитарен карактер, а собраните пари  ќе бидат наменети за хуманитарни цели  во Општината.

Настанот ќе има и натпреварувачки карактер, па за трите најдобро подготвени јадења предвидени се и пригодни награди. Покрај вештите жени од Општината, со свои традиционални јадења ќе се претстават и стопанските субјекти од општината и вешти жени од Град Скопје.

Во музичкиот дел ќе настапат ансамблот за народни песни и ора „Илинден 72“.

Би можело да ве интересира

Уште една победа на хуманоста и човечноста – собрани средствата за операција на Слободан Попов – Цобе

Ана Ололовска

Двајца кичевци со хуман гест за младо момче со посебни потреби

Ана Ололовска

Исклучително: Месут Озил спаси 219 детски животи!

Апел на МД „Илинден“: Да му помогнеме на Алекс, да бидеме хумани

Ана Ололовска

Хуманитарна иницијатива „Ride4Women“

Ана Ололовска

Хуманоста победи, Сара се врати дома жива и здрава

Ана Ололовска