Хуманитарна акција во општина Карпош во пресрет на Велигден

Од:

Градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев, заедно со дел од советниците од Советот се приклучија на хуманитарната акција „Подај рака, донирај за твојот сосед“, што викендов се одржува пред 12 поголеми супермаркети на територијата на општина Карпош.

Целта на акцијата, што традиционално се спроведува во пресрет на Велигденските празници, како што нагласуват од локаната самоуправа, е да им се помогне на социјално ранливите категории граѓани на општина Карпош.

Богоев, ги повика сите карпошани масовно да се приклучат на акцијата и да донираат за своите сограѓани, со цел достоинствено да ги поминат Велигденските празници.

– Нашата хуманост и солидарност треба да ја покажуваме секојдневно. Овие акции не го решаваат проблемот на траен начин, но овозможуваат барем за момент повеќе граѓани да се чувствуваат посреќно и поспокојно, особено во празничните периоди на годината, рече Богоев.

Собраните производи со хуманитарната акција ќе се складираат и рамномерно ќе бидат доделени на граѓаните на кои им е најмногу потребно.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Ден по трагедијата во Карпош – Министерството за социјална политика тврди: Починатата Ивана поднесе тужба за развод во октомври

МВР за трагедијата во Карпош: Стојанче Јовановски има обемно криминално досие

Горан Наумовски