На 23.04.2013 година (вторник) во 21 часот ќе се одржи голема хуманитарна забава во клуб Ванила, на која ќе настапат голем број познати македонски и балкански пеачи и групи,меѓу кои DJ Гоце САФ, 1L Легијата, Да Џака Накот, LD Пистолеро, STR2, Tonyo San и специјален гостин: FIL TILEN feat. Hype MC TONY ( CRO ), Како и Stand Up Comedy.
Цената на влезницата е 200 денари. Средствата кои ќе се соберат од продажбата на влезниците ќе бидат наменети за продолжување на лекувањето на Филип Михајловски.
Филип е 18-годишно момче кое на 13.07.2012г. при скок во вода го скрши седмиот вратен пршлен, поради што е парализиран од градите надолу. Филип издржа долга и тешка операција, која беше само почеток на долготрајното лекување чија крајна цел е повторно да застане на нозе.
По операцијата, следеше рехабилитација во Клиничкиот центар за спинални повреди – Соча во Љубљана, Словенија, а во моментов е на уште поинтензивна програма за рехабилитација во Центарот Гибање, исто така во Љубљана. За овој период Филип покажа огромен напредок. Во прилог Ви ги испраќам телефонските броеви и Денарска сметкатка на која може да се донираат средства за Филип.
Денарска сметка:
Сметка 250-0100002207-37
Назив FILIP MIHAJLOVSKI-HUMANITARNA
Банка SPARKASSE
Македонија АД Скопје
Ек. Лептокарија 10001
Девизна сметка:
Account 4010-02222-00003862
Name of account owner FILIP MIHAJLOVSKI
IBAN/SWIFT MK07250102220038621/INSBMK22
Bank SPARKASSE
Macedonia AD Skopje
Ek. Leptokarija 10001
Телефони :
VIP 077 143 077
T-MOBILE 070 143 109
ONE 075 143 403