Хуманитарна вечер во Њујорк за помош на поплавените во Македонија

Од:

Хуманитарна вечер за собирање финансиски средства за помош на подрачјата во Македонија кои беа погодени од поплави се одржа во просториите на Галерија МЦ во Њујорк, пренесува ЛеитмотивАртс, агенција за менаџмент и промоција на културни случувања од регионот во Америка.

На 1 март таму настапиле дваесетина уметници од Балканот и десетина странски изведувачи од Соединетите Американски Држави, Малезија, Шпанија и Индија. Учествувале пијанистите Дуке Бојаџиев, Ивана Ковач и Милош Раичковиќ, тапанарот Марко Ѓорѓевиќ, гитара и вокал Владимир Четкар, кларинетистот Васко Дуковски, џез вокалот Александра Денда со својата група, флејтиската Ана Танасијевиќ, саксофонистот Јан Кус со своето трио (бас Ден Мартинез и тапан Јоел Матео) на гајда Ведран Бошковски и неговата етногрупа Одгласи, како и традиционалната женска вокална група Роса..

– Во текот на вечерта во галеријата одекуваа различни светски јазици но сепак доминираше јазикот на музиката, кој сите го разбираат и уживаат. Посетители имаше од различни  националности, кои успеаја да пристигнат и покрај снежното невреме. Тие со бурни аплаузи ги наградуваа музичарите. Со нивната позитивна енергија и срдечна поддршка придонесоа овој настан да биде забележан како успешен. Крајот на вечерта го круниса македонското оро со звуците од гајдата на Ведран Бошкоски, информира ЛеитмотивАртс.

Уметнички дела за лицитацијата биле донирани од Роберт Дандаров, Марија Павловска и Горазд Попоски, книгa за Теслa од Владимир Пиштало, уметнички накит од Сандра Вучиќевиќ, свеќи од Андреј Урем, фотографии од Стивен Кравфорд…

– По минатогодишните хуманитарни акции што ги организиравме за  поплавите во Србија, Босна и Хрватска, ниту во еден момент не очекувавме дека иста причина повторно ќе не спои. Но еве, повторно сите сме заедно, со заеднички сили да собереме помош за настраданите од поплавите во Македонија, изјави Вера Арсова, претставник на Обединетата македонска дијаспора во Њујорк.

Страницата за донации ќе биде отворена до 5 март, а потоа сите средства ќе бидат уплатени на сметка на Црвениот Крст на Република Македонија.

– Среќни сме што голем број од уметниците што учествуваа на претходниот настан одговорија на повикот, што сведочи за нивната срдечност, изјави Данијела Милиќ, основач на ЛеитмотивАртс, која го организираше овој настан заедно со Вера Арсова и Горазд Попоски, уметник и сопственик на Галерија МЦ, како  и со голем број волонтери.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата

За настраданите од поплавите во Шпанија ќе донираат по 100 евра за секој километар што ќе го претрчаат на теренот

А1он

(ВИДЕО) Невремето од Валенсија се пресели во Барселона, поплавени улици, отежнат сообраќајот на возовите