Хуманитарна трка за основање центар за Вилсонова болест

Од:

Основање регионален центар за поддршка на заболени од Вилсонова болест, е целта на втората хуманитарна штафетна трка „Подај рака 2016“ што треба да биде одржана на октомври годинава.

Трката ја организира Здружението на граѓани за лица со ретка болест Вилсон – Македонија, со финансиска поддршка од ОКТА. Средствата од котизацијата ќе бидат наменети за основање на центарот кој ќе им користи на заболените и нивните семејства, но исто така и на медицинскиот персонал за вмрежување и добивање повеќе информации за болеста.

Со одржување на трката ќе биде одбележан и меѓународниот ден за зголемување на свесноста за болеста.

Вилсонова болест е ретка и затоа нема доволно знаење, информации и развиена свесност за неа. Болеста доведува до нарушување на метаболизмот преку кое се таложи бакар на црниот дроб, мозокот и очите. Со оглед на тоа што бакарот може со години да се таложи во црниот дроб, болеста се открива доцна, од 6-20 години, а последиците од ненавремен третман со терапии се фатални за заболените.

Хуманитарната штафетна трка, 4х1000 метри ќе се одржи на 15 октомври, сабота, во 11:00 часот, на кејот на реката Вардар, во близина на мостот кај Хотел Александар Палас. Секој тим се состои од 2, 3 или 4 учесници и може да е мешан – машки и женски. Вкупната должина што секој тим треба да ја измине е 4.000 метри. Трката има и симболичен натпреварувачки карактер во категориите семејство и пријатели или за корпоративни тимови.

Организаторите информираат дека цената за регистрација за штафетната трка изнесува 600 денари по тим. Секој учесник има можност да купи и маичка со лого на настанот по цена од 200 денари. Заинтересираните за учество во акцијата може да се регистрираат на линкот: https://www.smartrace.club

Во рамките на настанот ќе се организира и детска штафетна трка на 7 минути за деца до 12 години. Учеството во детската трка е бесплатно.

Би можело да ве интересира

Уште една победа на хуманоста и човечноста – собрани средствата за операција на Слободан Попов – Цобе

Ана Ололовска

Двајца кичевци со хуман гест за младо момче со посебни потреби

Ана Ололовска

Исклучително: Месут Озил спаси 219 детски животи!

Апел на МД „Илинден“: Да му помогнеме на Алекс, да бидеме хумани

Ана Ололовска

Хуманитарна иницијатива „Ride4Women“

Ана Ололовска

Хуманоста победи, Сара се врати дома жива и здрава

Ана Ололовска