Хуманитарна трка за истакнување на важноста на физичката активност како клучен фактор за развојот на секоја индивидуа „Трчаме заедно“ денеска ќе се одржи во општина Шуто Оризари.
Трката е во организација на Центарот за социјални иницијативи „Надеж“ со поддршка на фондацијата „Schuler Helfen Leben“ и општината Шуто Оризари.
На трката, како што информираат организаторите, учество ќе земат ученици од локалните основни и средни училишта во Шуто Оризари, како и основци, средношколци, студенти, претставници на институции, невладини организации и Амбасади од целата држава.