Театарската група од средното општинско училиште „Гоце Делчев“ од Валандово вечерва во Гевгелија во хуманитарни цели ќе ја изведе претставата „Стаклена менажерија“ од Тенеси Вилијамс во режија на Кире Ѓоргиев.
Целта на претставата е да се соберат парични средства неопходни за операција на малата Ивана Прочкова од Богданци која има девет години и од најраната возраст боледува од сколиоза – искривување на рбетот.
За нејзината операција во Германија потребни се 50.000 евра поради што се повикуваат љубителите на театарот од Гевгелија да се солидаризираат и масовно да ја посетат претставата која ќе се одржи во салата на Народниот театар со почеток во 20 часот.