Хуманитарна проекција на филмот „Гостиварски згоди и незгоди“

Од:

Во големата сала на центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар, синоќа беше прикажан филмот „Гостиварски згоди и незгоди“ во рамки на хуманитарната акција за прибирање средства за лекување на еден гостиварец.

Организаторите на настанот рекоа дека синоќешната проекција на првиот гостиварски филм има цел да му се помогне на Ивица Стрезоски кој боледува од спиноцеребрална атаксија.

– Сите средства собрани од билетите на оваа проекција ќе бидат наменети за неговото лекување и задовоството е поголемо што дојдовте и на тој начин донирате за нашиот сограѓанин да застане на нозе, рекоа од културното здружение „Дунек“ пред промоцијата.

Проекцијата на филмот е една од иницијативите за прибирање средства за лекување во кои се вклучени повеќе артисти спортисти и здруженија. Претходно беа организрани два настани на кои настапија музичари и пеачи од Гостивар и беше одигран кошаркарски натпревар помеѓу Гостивар и Работнички.

Приходите од продадените влезници му беа врачени на Стрезоски, кој идниот месец треба да замине во НР Кина на лекување.

Би можело да ве интересира

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

А1он

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Невзат Бејта најави изборна победа на 11 јануари