Учениците од гимназијата Раде Јовчески Корчагин, а воедно и волонтери во Црвениот крст на општина Центар во недела на 24.02 ја организираат големата хуманитарна претстава „Животот е сон“ со почеток во 20 часот во Македонскиот народен театар (МНТ).
Овој настан е дел од проектот Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности во кој оваа година големо учество земаа учениците од оваа скопска гимназија.
Претставата „Животот е сон” e во режија на Владо Цветановски. „И во сништа треба добрина да се прави“, а со нашата добрина ќе го олесниме животот на Ајтем. Да ја разбудиме хуманоста и со половина од собраните средства ќе овозможиме хендикепот на Ајтем да биде полесен.
Цената на влезниците е симболични 150 денари, РЕЗЕРВИРАЈТЕ ГИ ВАШИТЕ БИЛЕТИ ОНЛAЈН НА: http://www.popularno.mk/pretstava-mnt/.
Имплементацијата на Националната Програма Промоција на хумани вредности е овозможена со грант на програмата CIVICA Mobilitas имплементирана од ЦИР-а и финансиски поддржана од Швајцарска агенција за развој и соработка, застапувана од Канцеларија за соработка во Скопје.