Обезбедување средства за отворање центар за помош на лица со визуелен хендикеп односно за децата со оштетен вид е целта на Здружението НВО Детски свет нов почеток кое од денеска ја започнува наградната игра во Скопје, а ќе трае до 8 декември.
Средствата собрани од проектот ќе се наменат за опремување на пристапен центар Т.С. рехабилитациски центар за ориентација во макро и микро просторот кај лицата со оштетен вид.
Наградната игра ќе биде одржана во Сити Мол каде што ќе биде поставен пункт и преку барабан секој учесник во наградната игра ќе треба да донира 100 денари и ќе извлече топче во кое ќе биде напишана наградата.