Хуманитарна ликовна работилница во ООУ „Браќа Миладиновци“

Од:

Хуманитарна ликовна работилница под мотото „Со цвеќе до мир и хуманост“ ќе биде одржана денеска во ООУ „Браќа Миладиновци“ во Аеродром.

Настанот е од хуман карактер, а гостин ќе биде познатиот македонски сликар Живко Поповски-Цветин. Заедно со учениците од одделенска и предметна настава ќе сликаат рози кои потоа ќе се продаваат по симболична цена. Собраните средства ќе се донираат за хуманитарни цели.

Дел од учениците ќе се претстават со литературно читање на песни „Со песна до мир и хуманост“ и со тоа ќе испратат порака до сите луѓе за негување на хуманоста и мирот.

Во водите на Вардар од мостот кај Транспортен центар ќе биде пуштена порака за мир „Со детескиот свет за мир, хуманост, солидарност…“.

Овој настан ќе го означи крајот на наставната година и почетокот на летниот распуст.

Би можело да ве интересира

Aеродромот Шарлроа во Брисел е најлошиот аеродром во светот

Горан Наумовски

Девојка од Петровец била истепана во Аеродром

Авион итно слета на аеродромот во Белград: Патникот почина, му се слошило на летот од Германија

Уапсен турски државјанин на скопскиот аеродром, со фалсификувани визи сакал да влезе во Македонија

А1он

Жена нападната на Меѓународниот аеродром во Скопје

Тепачка во Аеродром: Бабата со тврд предмет го нападнала зетот