На 8 мај (понеделник) во 19.00 часот во Јавна соба во Скопје ќе се одржи Хуманитарна изложба на која со свои дела ќе се претстават повеќе уметници од Македонија, меѓу кои Владимир Лукаш, Ѓорѓе Јовановиќ и други.
Уметникот од Канада, Мајкл Клоус, за оваа изложба донираше една цела серија од 20 свои дела работени во текот на 2015 година, акрил на платно, со димензии 40х50, слики посветени на Жените.
Водител на хуманитарниот настан ќе биде Ирена Ристиќ, а за музичкиот дел ќе се погрижи Игор Василев – Новоградска.
Сите средства собрани од продажбата на уметничките дела ќе бидат наменети за лекување на 13-годишниот Гоце Марковски од Битола кој боледува од канцер на мозок (Glioblastoma Multiforme), за постоперативно лекување кое чини 50.000 евра.
https://www.facebook.com/events/1887049981550252/
https://www.facebook.com/humanitarnaizlozbazagoce/
https://www.youcaring.com/gocemarkovski-807443
Жиро сметка (денарска): 530500020219122 при Охридска банка
Жиро сметка (девизна): IBAN: МК075 3028 0005214009
SWIFT: OHRDMK22
Донациски број за корисниците на Телеком: 143-122
Донациски број за корисниците на Оне.ВИП: 143-487