Хуманитарна акција за Јовица и Марга, кои боледуваат од церебрална парализа

Од:

„Трчаме за хуманост“ е акцијата што ја организира Шпаркасе банка преку која ќе се донираат средства како помош за натамошно лекување на Јовица Блажевски и Марга Велеска, кои боледуваат од церебрална парализа.

Тимот на Шпаркасе Банка, кој ќе биде предводен од маратонците Александар Смилков и Александар Димитровски, со секој истрчан километар ќе придонесат во собирањето на потребните парични средства за лекувањето на Јоце и Марга, а Смилков ќе и помогне на Марга да биде дел од екипата и таа да стигне на целта со својата инвалидска количка.

Идејата за помош со учество во трката, потекна од македонскиот маратонец и Гинисов рекордер, Александар Смилков, кој заедно со Александар Димитровски, за и во името на Марга и Јовица, ќе ја зголемуваат донацијата со секој километар од маратонската патека.

Покрај Смилков и Димитровски, кои ќе ја трчаат маратонската патека, Шпаркасе тимот ќе учествува  во полумаратонската и во хуманитарната трка.

Граѓаните, компаниите и сите хумани луѓе, својата донација за понатамошното лекување на Марга и Јовица може да ја уплата на сметката 250-0000000001-11 со повик на број корист 2924000628 -со назнака „Хуманитарна донација за лекување на Јовица Блажевски и Марга Велеска”, најдоцна до 31 мај, 2015 година.

Би можело да ве интересира

Уште една победа на хуманоста и човечноста – собрани средствата за операција на Слободан Попов – Цобе

Ана Ололовска

Двајца кичевци со хуман гест за младо момче со посебни потреби

Ана Ололовска

Исклучително: Месут Озил спаси 219 детски животи!

Апел на МД „Илинден“: Да му помогнеме на Алекс, да бидеме хумани

Ана Ололовска

Хуманитарна иницијатива „Ride4Women“

Ана Ололовска

Хуманоста победи, Сара се врати дома жива и здрава

Ана Ололовска