Хуманитарна акција „Подај рака- донирај за својот сосед“

Од:

Од денес, вторник, 14. мај, до петок, 20. мај, Општина Карпош организира хуманитарна акција за семејствата во потешка материјална состојба. Акцијата се состои во прибирање на донации во прехранбени и хигиенски производи кои, потоа, ќе им бидат доделени на семејствата кои се во социјален ризик.

Ги повикуваме сите граѓани на Карпош, кои се во можност, да се придружат на оваа хуманитарна акција и да покажат што поголема солидарност со своите соседи.

Донираните производи треба да се однесат во просториите на 14-те урбани и месни заедници низ општината, во период од 07:30ч. до 15:30часот, секој ден, до петок.

Во акцијата подеднакво се вклучува и општинската администрација.

Би можело да ве интересира

Затворена кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов“ – неколку деца се хоспитализирани

А1он

55-годишен скопјанец е пронајден мртов во својот дом во Карпош

Горан Наумовски

Мицкоски: Јакимовски мора да биде минато во Kарпош, потребна е промена за крај на бетонизацијата

Јакимовски: Субвенција за секој граѓанин кој ќе набави возило на електричен погон

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец