Хуманитарна акција под „Дарувај од срце,“ и во Охрид

Од:

„Како и секоја година во рамките на програмските и проектните активности, Форумот на жени на СДСМ во соработка со Црвениот крст на P.M. организира традиционална хуманитарна акција под назив ,, Дарувај од срце,, . Активностите на оваа хуманитарна акција се насочени кон нашите сограѓани од социјално ранливите категории, односно граѓани кои се наоѓаат во тешка материјална состојба.

Собирната акција се состоеше во обезбедување на хуманитарна помош во вид на (облека, обувки, постелнини и сл.), а имаше за цел да се ублажи човековото страдање, кое за жал е се по присутно и во нашиот град.

Свесни сме дека со оваа акција не се решаваат горчливите проблеми со кои се соочува оваа категорија на наши сограѓани, но моментот на подавање рака, нека биде првиот чекор во подобрата иднина која СДСМ ја нуди и во Планот за живот во Македонија.

Количината на донираната помош и фактот дека секогаш ваквата помош завршува во прави рацете, само ја потврдија хуманоста на охриѓани кои како секогаш несебично ја покажа својата хуманост кон оваа категорија на наши сограѓани.

Форумот на жени на СДСМ почитувајќи ги хуманитарните вредности на црвениот крст на град Охрид и понатаму останува партнер во хуманоста која ја декларира оваа организација посебно во областа на социјално – хуманитарните активности и подигање на јавната свест во насока на решавање на егзистенционалните проблеми на граѓаните како еден од врвните приоритети на социјалдемократијата“, се вели во соопштението на СДСМ Охрид.

Би можело да ве интересира

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ