Хуманитарна акција „Јавни личности во улога на библиотекари“

Од:

Во просториите на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје, денеска ќе биде презентирана хуманитарната акција за Универзитетската клиника за детски болести – Скопје, во организација на Градската библиотека.

Настанот е организиран како „Отворен ден“ во Библиотеката и е именуван  „Јавни личности во улога на библиотекари“.

Голем број личности од јавниот живот, актери, пеачи, спортисти, политичари, ќе ја преземат улогата на библиотекари и ќе услужуваат читатели, а собраните средства од членството ќе бидат донирани за опремување на „Игротека-библиотека“ на Универзитетската клиника за детски болести.

Настанот е подржан од првата дама на Република Македонија, Маја Иванова и Градоначалникот на град Скопје  Коце Трајановски.

Настанот ќе биде збогатен со креативна работилница „Мали креативци“, со деца од предучилишна возраст, кои ќе цртаа на тема „Лекарите – бели ангели, пријатели на децата“.

Цртежите од работилницата ќе креираат сликовница која ќе биде печатена и дистрибуирана во „Игротеката – библиотека“ на Универзитетската клиника за детски болести.

Би можело да ве интересира

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици