Хуманитарна акција „И јас сум Дедо Мраз“

Од:

Деновиве започна хуманитарниот проект „И јас сум Дедо Мраз“, преку кој се собираат подароци за деца од сиромашни семејства и висок социјален ризик. Мисијата е преку хумани граѓани, организации и институции да се соберат што повеќе подароци и да ставиме насмевки на што повеќе детски лица. Минатата година се собраа преку 3500 подароци.

„Подароците кои ги купувате, може да се новогодишни пакетчиња, играчки или алишта. Откога убаво новогодишно ќе ги спакувате, напишете на едно ливче за кого е наменет подарокот (пол, возраст и што е подарокот). Следното нешто е да се сликате со подароците и да ја поставите сликата на социјални медиуми со хаштаг #ијассумдедомраз. Подароците може да ги оставите до 17 декември во Нано Бар, на 09.12 (недела) во Зоолошка градина Скопје на пункт отворен од 12:00-16:00 или пак да се јавите на телефонскиот број 078 405 264 и да добиете инструкции за достава.

Потоа подароците ќе бидат распределни, и секое дете добива она кое што најмногу би го израдувало. Затоа што сите деца мора да се среќни! Да им ја направиме Новата година навистина среќна и весела“ велат организаторите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Почна да се гради првиот Дино парк во Скопје

Ана Ололовска

ЗОО Скопје го слави 93-от роденден

Ана Ололовска

Голема роденденска забава во Зоолошка градина Скопје

Ана Ололовска

Скопската зоолошка градина ќе добие фламинга и пингвини

А1он

Мал штрк треба да се оперира за да се спаси, но никој не го пренесува во Скопје

Апел на МД „Илинден“: Да му помогнеме на Алекс, да бидеме хумани

Ана Ололовска