Хуманитарен концерт за лекување на Боро Стајиќ

Од:

Под мотото „Бидејќи заедно можеме повеќе“ вечер во Универзалната сала во Скопје ќе се одржи хуманитарен концерт со цел да се соберат финансиски средства за лекувањето на 18-годишниот Боро Стајиќ, кое е долготрајно и скапо.

Пред неколку месеци, при несреќна случка, Стајиќ се здоби со тешка телесна повреда на вратниот дел од ‘рбетот, односно повреда на пршлените. Како последица од тоа, тој има целосна парализа на рацете и нозете.

– Боро моментално се наоѓа во Словенија на лекување и терапии каде засега е задоволен и сите сме среќни бидејќи напредува. Тој е многу млад и кај него има голема желба и оптимизам за се да заврши како што сакаме и се надеваме. Сакам да ги повикам сите кои се во можност да дојдат на 3 април во Универзалната сала да си поминат убава вечер, а парите се наменети за лекување на Боро, изјави Јана Стајиќ, сестра на Боро.

На хуманитарниот концерт ќе настапат врвни имиња од македонската музичка сцена: Леб и Сол, Нокаут, Игор Џамбазов, Бени и Нон Стоп, танчерите од „Танц со ѕвездите“.

humanitaren-koncert-stajic1

Бојан Петрески од Црвениот крст на Град Скопје информира дека целиот третман на Боро е долготраен и скап.

– Сите приустни на концертот ќе дадат една хумана димензија. Граѓаните со купување влезници за концертот ќе помогнат во лекувањето на Боро Стајиќ. Концертот ќе се одржи во организација на Црвениот Крст на Град Скопје и општинските организации на Црвениот крст на територијата на Скопје во соработка со Инфомедиа системи и Универзалната сала, истакна Петрески и додаде оти се отворени и телефонски броеви за донации.

На концертот ќе настапат и четири танцови двојки од телевизиското шоу „Танц со ѕвездите“.

Цената на влезниците е 300 денари, а може да се купат на продажните места на Купи карти за се, во Универзалната сала и онлајн наwww.kupikartizase.com.mk.

Би можело да ве интересира

Уште една победа на хуманоста и човечноста – собрани средствата за операција на Слободан Попов – Цобе

Ана Ололовска

Двајца кичевци со хуман гест за младо момче со посебни потреби

Ана Ололовска

Исклучително: Месут Озил спаси 219 детски животи!

Апел на МД „Илинден“: Да му помогнеме на Алекс, да бидеме хумани

Ана Ололовска

Хуманитарна иницијатива „Ride4Women“

Ана Ололовска

Хуманоста победи, Сара се врати дома жива и здрава

Ана Ололовска