Хуманитарен концерт за лекување на Боро Стајиќ

Од:

Црвениот Крст на град Скопје и други соработници организираат Голем хуманитарен концерт во Скопје на 03.04.2013 година. Целта е да се обезбедат финансиски средства кои му се неопходни на Боро Стајиќ да го продолжи своето лекување.

На хуманитарниот концерт ќе настапат врвни имиња од македонската музичка сцена: Нокаут, Леб и сол, Игор Џамбазов, Бени& Нон Стоп, како и танчери и ѕвезди од Танц со ѕвездите.

Генерални покровители на концертот се:

– Универзална Сала Скопје

– ИНФОМЕДИА Системи (професионална аудио, видео и светлосна опрема)

Боро Стајиќ има 18 години, но животот му е полн со неизвесност и тешки предизвици.

– Пред неколку месеци, при скок во вода, се здоби со тешки повреди на 4 / 5 р’бетен пршлен. Како последица на повредата има целосна парализа на рацете и нозете (tetraplegia). Неговиот и нашиот живот добија сосема поинаков тек. Од тогаш, единствена желба ни е да оздрави, да ја поврати функцијата на рацете и нозете и да живее достоинствен и исполнет живот.

humanitaren-koncert-stajic1

Вашата хуманост и Вашите донации за нас се драгоцени. Ни помагаат многу, бидејќи чувствуваме дека не сме осамени во нашата мака, имаме надеж, верба и сила да издржиме.

Цената на влезниците изнесува 500 МКД. Влезниците ке може да се купуваат од 15.03.2013 год. на продажните места на Купи Карти За Се или онлајн: http://kupikartizase.com/Events/humanitaren_koncert_za_boro Бидејќи заедно можеме повеќе!!!

ХУМАНИТАРНИ СМЕТКИ ЗА ДОНАЦИИ:

Денарска сметка:

Сметка: 210-700000600857

Назив: Луиза Стајиќ за лекување на дете Боро Стајиќ

Банка: НЛБ Тутунска Банка АД Скопје, ул. Водњанска бр.1, Скопје

Девизна сметка :

IBAN Code: MK07210501594890345

Name of account owner: Zoran Stajikj

Bank name: NLB Tutunska Banka A.D. Skopje , Vodnjanska br.1 Skopje

SWIFT : TUTUNMK22

ТЕЛЕФОНСКИ ЛИНИИ на кои можете да донирате 100 ден/повик:

070/143-112

075/143-171

077/143-402

Би можело да ве интересира

Уште една победа на хуманоста и човечноста – собрани средствата за операција на Слободан Попов – Цобе

Ана Ололовска

Двајца кичевци со хуман гест за младо момче со посебни потреби

Ана Ололовска

Исклучително: Месут Озил спаси 219 детски животи!

Апел на МД „Илинден“: Да му помогнеме на Алекс, да бидеме хумани

Ана Ололовска

Хуманитарна иницијатива „Ride4Women“

Ана Ололовска

Хуманоста победи, Сара се врати дома жива и здрава

Ана Ололовска