Хуманитарен гурмански хепенинг во Градскиот парк

Од:

Хуманитарен гурмански хепенинг – Светски пикник, ќе се одржи денеска во Градскиот парк во Скопје, во организација на Стопанската комора на Македонија и Советот на странски инвеститори.

Целта на настанот, како што се наведува, е да се промовираат позитивните ефекти на странските инвеститори врз националната економија и претставување на културата на земјите од каде што потекнуваат преку најавтентичните рецепти од нивните национални кујни и другите културни обележја, како и нивната корпоративна општествена одговорност во Република Македонија.

На светскиот пикник присутните ќе имаат можност да вкусат карактеристични рецепти од над десетина различни земји од каде што потекнуваат странските инвеститори во Македонија, а собраните средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Би можело да ве интересира

Дваесет и една препорака на ИЈЗ за претстојните празници во врска со прејадување, алкохол и користење пиротехника

АХВ уништи над 624 кг. небезбедна храна, изречени се казни од над 33.000 евра

Минималната синдикална кошница за месец септември изнесува 65.077 денари

Израел: Во Појасот Газа нема глад, ова е лажна кампања промовирана од Хамас

(ВИДЕО) Денеска најмалку 25 лица загинаа во Газа чекајќи храна

Најмалку 57 луѓе починаа во Газа од неухранетост