ФОТО: Хуманитарен базар на Германската амбасада

Од:

Германски колбас, варено вино, шалчиња и ракавици од домашна изработка, божиќни украси, сето ова можеше вечерва да се купи на хуманитарниот базар, организиран од Амабасадата на СР Германија во Скопје.

Средствата и годинава, ќе бидат донирани во хуманитарни цели, онаму каде е најпотребно.

Минатата година собраните 480.000 денари беа донирани за реновирање и опремување со мебел на училницата за деца со посебни потреби во основното училиште „Браќа Миладиновци“ од Струга и за поддршка на училишниот дом „Седек Костовски“  во Маврово.

Присутните амбасадори, меѓу кои и германската амбасадорка Гудрун Елизабет Штајнакер, амбасадорот на САД, Пол Волерс, личности од јавниот и од политичкиот живот, уживаа во убава храна и дружење.

Германската амбасадорка појаснува дека вакви хуманитарни базари се традиционали во Германија, и дека се убави моменти  за секој добронамерник.

Во Македонија е една година, вели луѓето се срдечни и добронамерни.

 

 

Би можело да ве интересира

Производи на македонски ракотворци на новогодишен базар до 31 декември

Горан Наумовски

Уште една победа на хуманоста и човечноста – собрани средствата за операција на Слободан Попов – Цобе

Ана Ололовска

Двајца кичевци со хуман гест за младо момче со посебни потреби

Ана Ололовска

Апел на МД „Илинден“: Да му помогнеме на Алекс, да бидеме хумани

Ана Ололовска

Хуманитарна иницијатива „Ride4Women“

Ана Ололовска

Добротворен базар и концерт по повод Меѓународниот ден за заштита на правата на детето

Ана Ололовска