Хрватски компании во обиколка на локациите за изградба на Градска марина во Охрид

Од:

Претставници на две хрватски компании што градат марини остварија средби со раководството на охридската локална самоуправа и посетија локации на Охридското Езеро каде би можело да се реализира најавениот проект за изградба на современа марина на езерото.

Гостите од Хрватска се сретнаа со градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески и капетанот на Капетанијата во Охрид Горан Устијаноски на која биле презентирани начините и можностите за финансирање на Градската марина, можните локации, како и за метеоролошките услови во регионот, ветровите, силината на брановите на езерото и слично.

Исто така претставниците на компаниите од Хрватска биле информирани и за можноста за инвестирање во реконструкција и изградба на Малото пристаниште, односно биле запознаени со детали од распишаниот оглас за реконструкција и изградба на Малото пристаниште.

Градоначалникот Бакрачески ја нагласи потребата од современа Градска марина на Охридското Езеро и ја потврди цврстата заложба на Локалната самоуправа за реализација на замислениот проект.

– Она што е еден од приоритетите за збогатување на туристичката понуда во Охрид и она што е потреба и на граѓаните и на гостите кои што престојуваат во Охрид, а поседуваат пловни објекти е реализација на проектот за изградба на една Градска марина, рече тој.

Би можело да ве интересира

Обвинителството започна истрага по ревизорскиот извештај на ДЗР за Општина Охрид

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид