Христова: Законот за коридорите ваков каков што е остава простор за многу сомнеж и за коруптивните намери на Груби

Од:

„Закон затскриен под ЕУ знаменцето и по кој нема простор да се развие широка дискусија затоа што по овие криминални закони поврзани со коридорите и нема впрочем ниту со кого да се дискутира. Но тука се кога треба да ги бранат криминалите на Ковачевски и Груби кои буквално на се сѐ решени само да ја истуркаат работата до крај, онаа работа од која ќе профитираат“, нагласи Даниела Христова пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.

Христова праша и зошто овој закон оди на комисија за европски прашања и зошто се злоупотребува ЕУ знаменцето.

„Од 5-те закони кои експресно стигнаа до Собрание со дискусија завршивме со најскандалозниот оној за работни односи со кој што им се пресуди на работниците и дополнително на нивната мака им се зголеми работното време. Како втор е овој законот за урбанистичко планирање со кој што се прават измени и надополнувања на процедурите за креирање донесување и реализација на урбанистички проекти за објекти од стратешки интерес во кои што спаѓаат државни патишта железнички пруги итн. Зошто овој закон оди на комисијата за европски прашања и што е овде европско кога нема ниту едно усогласување со ниту една директива и регулатива. Да престанете со носење закони по скратена постапка и да се криете зад европското знаменце“, кажа Христова.

Христова додаде и ваков каков што е законот остава простор за многу сомнежи и коруптивни активности.

„Се остава сомнеж за коруптивните намери на Груби а дополнително на тоа и самата ДКСК отвори предмет истото важи и за ЈО да постапат по овие предмети и ако навистина има криминал а има, и да им се пресуди на оние кои што го прават. Сме против ова законско решение затоа што е полно со недоследности затоа што им веруваме на експертите од оваа област како што се оние од комората на овластени архитекти и инженери кои што имаа и официјални забелешки“, рече Христова.

Би можело да ве интересира

Мицевски: Владата има луѓе, има механизација сега и се справува со сите можни и неможни позиции коишто ги има

Левица: Африм Гаши, уценет од ВМРО-ДПМНЕ, илегално ја поништи закажаната Надзорна расправа за Кочани

Собранието ги донесе реформските закони за дигитална трансформација

На 9 јули пратениците ќе расправаат за интерпелацијата за претседателот на Уставниот суд

Здравковски: Охрабрувачки е фокусот на Владата кон младите

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот без присуство на мнозинството донесе одлука за одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани