Христова: Со овие 5 законски решенија власта сака да го озакони криминалот од штетниот договор за коридорите 8 и 10Д

Од:

„Кога зборуваме за капитални инвестиции во Македонија од кога оваа гарнитура е на власт слободно можеме да кажеме дека капитални инвестиции нема. Од година во година нивото на капитални инвестиции е помало од буџетскиот дефицит, односно владата повеќе се задолжува од колку што инвестира во инфраструктура. И наеднаш имаме капитален проект со почетна вредност од 1 милијарда и 300 илјади евра. И ќе си рече човек добро е после 6 години власт почнаа да работат нешто, арно ама кога ќе навлеземе во суштината, кога ќе ги склопиме коцките, ќе разбереме повеќе работи. Првата работа е дека тајмингот не случајно е избран сега пред крајот на владеењето на оваа власт. Втората работа е начинот на кој се изведува целата процедура. Третата работа е криминалот кој што е на повидок, кој со 5 те закони сакаат да го озаконат“, нагласи пратеничката Даниела Христова од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.

Пратеничката Христова додаде и дека сите пет закони кои што ги доставила власта со европско знаменце не биле ништо друго туку легализација на коруптивните елементи од договорот што го потпишале далеку од очите на јавноста.

„Сите пет закони кои што ги доставија со европско знаменце не се ништо друго туку легализација на коруптивните елементи од договорот што го потпишаа далеку од очите на јавноста но и далеку од очите на пратениците кои што треба да ги гласаат. Денес на ред е законот за експропријација и она што најмногу боди очи е прескокнување на постапките и повторно се кледа едно безредие. Со измените на овој закон се забрзува постапката за експропријација така што набрзина се протнуваат нови членови кои предвидуваат обесштетување на објектите што ќе се најдат на трасата на ист начин без разлика дали се работи за легален или нелегален објект“, нагласи Христова.

Би можело да ве интересира

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот без присуство на мнозинството донесе одлука за одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Пратениците ја изгласаа Фискална стратегија на Република Македонија за 2026 – 2030 година

Горан Наумовски

Змија предизвика хаос во Собранието на БиХ: Поради „небезбедни услови“, седницата беше откажана, наредена е истрага

Алиу и Хоџа се дел од еден важен процес на освежување, вели Мицкоски

На собраниската седница во понеделник ќе се дебатира за новите кадровски решенија на Владата

Безбедносната зона околу Собрание не била за да нема протести, туку заштита од градење на приватни субјекти