Христијан Пендиков: Волонтер на Црвен крст со кривична за дрога, некогаш Македонец против Бугарија, денес Бугарин од Македонија

Од:

Христијан Пендиков од Охрид бил долгогодишен волонтер на Црвен крст на Македонија и општествено одговорна личност, а не лице кај кое полицијата пронашла дрога, тврди во негова одбрана здружението „Фондација Македонија“.

Бугарското здружение „Фондација Македонија“ кое во последните две години е активно на територијата на Бугарија, Македонија и Албанија е најгласно во тврдењата дека охриѓанецот Пендиков бил претепан само затоа што се чувствувал Бугарин, иако институциите се уште ги расчистуваат мотивите и причините за инцидентот.

„Христијан Пендиков од малечок е волонтер во Црвениот крст и избран е за волонтер за месец април 2021 година. Тој човек е претепан само затоа што е Бугарин, а сите медиуми во Северна Македонија објавија дека е криминалец без Христијан да има какви и да било асоцијални манифестации. Напротив тој е долгогодишен доброволец во Црвениот крст на Северна Македонија“, соопштија од „Фондација Македонија“.

„Фондација Македонија“ објави и фотографија од телефонот на Пендиков направена пред посетата на македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи на која има заканувачка порака од пријател на социјалните мрежи.

Во одбрана на Пендиков, здружението објави и фотографија од сите напаѓачи со име и со презиме, задржувајќи го фокусот на осомничениот Илија Спасески кој бил професионален натпреварувач по „џиу-џитцу“ и член на охридскиот клуб „Кун-су-то“ .

Она што фондацијата не го објави, а денес го потврди и претседателот Стево Пендаровски, е дека кај Христијан е пронајдена дрога пред повеќе од еден месец и против него е поднесена кривична пријава.

„СВР Охрид поднесе кривична пријава против Х.П.(22) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При преглед извршен во атарот на охридското село Лескоец, полициските службеници кај него пронашле и одзеле кокаин“, стои во билтенот на МВР.

Дваесет и двегодишниот македонски државјанин на социјалните мрежи некогаш се декларирал како Македонец и голем симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ, член на Унијата на млади сили на истата партија, а посебно фан на здружението „Тврдокорни“. Пендиков бил учесник на протестите против промена на уставното име објавувал постови со Гоце Делчев со изјавата дека „во Македонија се говори и се пишува на македонски јазик“.
Пендиков порачувал дека „Македонија е се што имаме“, но од неодамна почнал да се декларира како Бугарин од Македонија.

Засега нема официјални информации зошто е натепан Пендиков. Неофицијални се информациите дека ќотекот го добил поради тоа што се декларира како Бугарин и е на функцијата секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид. Во меѓувреме, се појавија информации дека тој се познавал со лицата кои го натепаа од претходно, а причината се нерасчистени долгови.

Би можело да ве интересира

Со распит на сведоци продолжи судењето за нападот врз Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот клуб од Охрид

Горан Наумовски

Илија Спасески има воспаление на вените, Судот одби да му го врати пасошот за да се лекува во странство

A1on

(ВИДЕО) Пендиков: Не се плашам, но добивам смртни закани

A1on

(ВИДЕО) Адвокатот на Илија Спасески го напушти судењето: Обвинителството заборави дека Пендиков е роден во Охрид и е македонски државјанин

A1on

Пендиков се врати во Охрид: Пред истражителите го опишува нападот врз него

A1on

Судењето за Пендиков ќе продолжи на 31 мај, најавено присуство на оштетениот

A1on