Храна, облека и вреќи за спиење бездомните лица

Од:

Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски и секретарот на Црвениот крст Сузана Тунева – Пауновска денеска ги посетија бездомниците во пунктот во Момин Поток на кои им поделија пакети со храна, облека и вреќи за спиење.

– Градот Скопје секоја година традиционално доаѓа во пунктот и на  бездомниците да им посакаме среќна Нова година. Градот секоја година дава по 500 илјади денари за функционирање на пунктот. Пунктот за бездомници го користат околу 120 бездомници каде имаат можност двапати во неделата да дојдат и да добијат хигиенски услуги, храна и облека, истакна Трајановски.

Сузана Тунева – Пауновска ја нагласи важноста на пунктот, за кој, како што рече, претставува место за вистинска ресоцијализација на лицата во ризик, пред се на лицата без дом и оние кои одлучиле со нивната ффилозофија на животот така да го живејат животот.

– Еден главен град на држава треба да има ваков пункт. Овој пункт предизвикува големо чувство кај социјалната одговорност на граќаните на главниот град кој се многу чести гости во пунктот. Оваа година можеме да бидеме многу задовилни и од страна на корпоративниот сектор кој што ја поддржува работата на пунктот, рече Тунева-Пауновска.

Информира дека Градот Скопје и Црвениот крст на Град Скопје ќе продолжат и наредната година со сите активности со цел на лицата во ризик да им се помогне повторно да се вратат во нормално живеење.

Пунктот за бездомници е отворен во понеделниците кога бездомниците добиваат хигиенски услуги и секој петок кога добиваат и чисти алишта, берберски услуги, лекарски преглед и неопходни лекарства, разговор и совети од психолог, оброк и топол напиток. Транспортот на корисниците на услуги на пунктот го обезбедува Црвениот крст и тоа од неколку локации во градот и по добиените услуги, бездомниците повторно се враќаат на истата локација.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен