Ховит: Премногу време е изгубено за Македонија

Од:

Премногу време е изгубено во процесот на евроинтеграција на Македонија. Земјата не треба повторно да се остави да чека, бидејќи тоа ќе има негативни последици, истакна британскиот европратеник Ричард Ховит во врска со новиот извештај на Европската комисија за Македонија и обновената препорака за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

Во обраќањето пред Европскиот парламент, каде еврокомесарот за проширување Штефан Филе информираше за новите извештаи за прогресот на земјите кандидати и аспиранти за членство, Ховит предупреди на последиците што може да произлезат ако Македонија биде повторно одбиена.

– Изгубивме премногу време. Реално самата земја е вратена на позицијата од декември лани. Нашата заедничка задача е да ги оживееме надежите за прогрес кои тогаш постоеја. Во годината кога го славиме влегувањето на Хрватска и во која Албнија ќе добие кандидатски статус, мора да го сфатиме влијанието што би се почувствувало во Скопје доколку земјата повторно биде оставена на чекање, иако има најдолг кандидатски статус, рече Ховит.

Смета дека претстојното грчко претседателство со ЕУ треба да биде нов политички инпут за решавање на долгогодишниот спор за името меѓу Атина и Скопје.

– Ја поздравувам последната изјава на министерот за надворешни работи на Грција дека проширувањето на ЕУ ќе биде приоритет на претстојното грчко претседавање. Се надевам дека тоа може да помогне да се постигне нов политички момент за решавање на прашањето за името, со заеднички прифатлив компромис. Неопходна е политичка волја од сите страни, на политичките фактори во земјата, кај нејзините соседи, но и кај Европскиот совет, порача Ричард Ховит.

Тој го поддржа предлогот на ЕК да почнат пристапните преговори со Македонија, а името да се реши во нивната рана фаза.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

ЕУ подготвува голем пресврт: Украина, Албанија, Молдавија и Црна Гора на списокот за забрзано членство, за останатите соработка во вселенската индустрија

Предраг Петровиќ

Сиљановска-Давковa во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ

А1он

„Политико“: Европската унија подготвува патокази за Црна Гора, Украина, Молдавија и Албанија

А1он

Романо Проди: Ако АфД победи на изборите во Германија, со ЕУ е завршено

А1он