Ховит на средби со државниот врв и политичките партии

Од:

Известувачот на ЕП за Македонија Ричард Ховит денеска во Скопје има средби со македонскиот државен врв и со претставници на политички партии.

Во изјава за медимуите, тој вчера ја нагласи важноста на неговата посета која се случува, како што вели, во чувствителен момент за земјата.

– Јас на сите партии гледам исто, не од аспект на тоа дали некоја од нив е во позиција или во опозиција. Прво сакам да ги видам нив, а потоа да ја одиграм мојата улога како известувач на ЕУ и да им пренесам за последиците на земјата во процесот на пристапување, не за тоа како партиите се однесуваат меѓу себе или на планот на внатрешната политика. Одреден сум за тоа и имам улога во процесот на приближување кон ЕУ, рече Ховит.

Според него, сликата за земјава, која неколку пати доби препорака за старт на преговорите за членство, сега е усложнета и најави оти ќе се обиде за време на посетата, да ја поправи таа слика.

– Мојата порака е дека во иднината ние ќе се сретнеме во ЕУ. Ова е критично и чувствително време за вашата земја и за односите на вашата земја со ЕУ. Ќе бидеме со вас, ќе ве слушаме и ќе водиме дијалог со вас. Сигурен сум оти ќе бидете на моја страна и бидете сигурни дека јас ќе бидам на ваша страна. Следните недели и денови се тешки и се што треба да се направи ќе се направи, рече Ховит.

Следната недела во земјата се очекува да допатува и еврокомесарот за проширување Штефан Филе, во врска со подготовката на пролетниот извештај за земјата и активностите во рамки на Пристапниот дијалог на високо ниво.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

Ќе се лансираат американски ракети од европски лансери

Мацинка: Чешка силно го поддржува што поскорото членство на Македонија во ЕУ

Латвија бара седум милијарди евра од ЕУ поради прекинот на трговијата со Русија

А1он

Брисел подготвува нови правила за проширување на ЕУ

ДУИ: ВЛЕН врши политички притисок врз обвинителството