Хотелот „Ибис Стајлс“ ќе згрижува болни од Ковид-19 за да нема метеж во приватните болници

Од:

Хотелот „Ибис Стајлс“ или поранешната гинеколошка клиника „Мала Богородица – Систина“ се пренаменува во инфективна болница за да не се прави метеж во приватните клиники кои своите капацитети ги ставија на располагање на државата по прогласувањето на кризната состојба. Министерот за здравство Венко Филипче, најавувајќи дека поранешна „Мала Богородица“ ќе биде ковид-центар, не кажа зошто пациентите, место во постојните капацитети на приватните болници, ќе се сметуваат во објект кој три години функционира како хотел. На барање на „А1он“ тој објасни кои се причините.

„На почетокот од разговорите со приватните болници, од нивна страна ни беше посочено дека тие може да отстапат дел од нивните постоечки капацитети, нo укажаа дека поради големиот метеж во нивните тријажни центри, многу веројатно е дека тоа би предизвикало пореметување во нивното работење, па тие заземаа став поранешната болница, стара ’Систина’ да се понуди како ковид-центар“, вели министерот Филипче.

Нагласува дека пренамената на хотелот е заеднички предлог на трите приватни болници „Жан Митрев“, „Аџибадем Систина“ и „Ре – Медика“, а тој само го поддржал предлогот. Министерот избегна да одговори на прашањето дали при носење на одлуката разгледувале и други хотели кои можат да се пренаменат или „Ибис стајл“ бил единствен предлог.

Приватните болници велат дека не се разгледувале други можности, а предлогот хотелот да стане ковид – центар бил на „Аџибдем Систина“  чии сопственици се газди и на клиниката и на хотелот.

Нема профит во пренамената на хотелот во ковид-центар, одговара министерот Филипче на обвинувањата дека заедно со приватните клиники профитира од пандемијата

„Објектите беа предложени од страна на ’Аџибадем Систина’. За начинот, можностите и дали овие објекти исполнуваат услови да бидат прилагодени, оценуваат од Министерството. Истото е и во однос на динамиката на пополнување на капацитетите. За тоа решаваат оние кои ќе го менаџираат тој капацитет, односно Министерството за здравство“, велат до Клиниката „Жан Митрев“.

Изборот на „Ибис Стајлс“ за нов ковид –  центар и неговата брза пренамена предизвика многу реакции во јавноста. Многумина му замерија на министерот Филипче дека го полни џебот на приватниците и во договор со нив профитира во услови на пандемија на сметка на државата. Министерот Филипче вели дека нема профит во пренамената.

„Во лекувањето на пациентите, дел од трошоците ќе паднат на товар на приватните болници, тие се согласија со тоа. Приватните болници во целост ќе ја опремат стара Систина со потребната медицинска и немедицинска опрема, а лекарите и останатиот медицински пресонал кој ќе бидат ангажирани во тој ковид-центар, ќе си останат  на платен список на приватните болници.Тоа значи дека овде не само што нема профит туку и дека сериозен дел од трошоците ќе бидт на товар на приватните болници“, одговора министерот Филипче на обвинувањата за профитерство.

Листи на чекање во приватните болници

Приватниците болници се преполни, а велат дека имаат и листи на чекање на заболени од Ковид – 19. Пациентите за кои немаат место кај нив, ги праќаат помош да бараат во јавното здравство додека се ослободи кревет.

„Во безброј наврати досега кажавме дека како приватна болница од прв ден лекуваме пациенти кои се заболени од Ковид – 19 и целиот наш капацитет од 80 интензивни кревети е исполнет и имаме листа на чекање“, велат од Клиниката „Жан Митрев, а листи на чекање за пациенти болни од Ковид – 19 пријавија и од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Трошоците за еден болнички ден, од Клиниката „Жан Митрев“ велат дека изнесуваат 600 евра и цената тврдат дека не е променета последните дваесет години откако постои клиниката во која се лекуваат пациенти кои развиле срцева декомпензација, пневмонија, септична состојба или бубрежна инсуфициенција.

За лекување на еден пациент дневно во хотелот „Ибис Стајл“, трите приватни болници од државата ќе добиваат по 100 евра

За лекување на еден пациент дневно во хотелот „Ибис Стајлс“, трите приватни болници од државата ќе добиваат по 100 евра. Министерот за здравство рече дека сите останати трошоци приватните болници се согласите тие да ги покриваат. Договорот меѓу клиниките е кадарот да го обезбедат „Аџибадем Сиситина“ и „Жан Митрев“ со по 40 отсто, а болницата „Ре – Медика“ да учествува со 20 отсто. Во заедничкиот ковид-центар кој треба да има 100 кревети за пациентите ќе се грижат 5 доктори, 30 медицински сестри, 8 болничари и друг медицински персонал, 8 лица за обезбедување, 6 лица администрација и 12 лица болнички персонал.

Клиниката „Аџибадем Систина“ најави дека пред сегашниот хотел „Ибис Стајл“ ќе постави станица за кислород со цел опслужување со кислород на пациентите кои ќе бидат хоспитализирани, а најави и набавка на дополнителни рендген и ехо апарати. Првичната инвестиција во овој ковид – центар од „Аџибадем“ соопштија дека изнесува околу 600.000 илјади евра.

Хотелот на почетокот на пандемија функционираше како државен центар за изолација на лица сомнителни на Ковид – 19.

Со ковид – центарот ќе менаџира Министерството за здравство кое ќе ги носи и одлуките кои пациенти ќе се лекуваат во овој објект.  Според договорот, овој ковид – центар треба да згрижува пациенти со полесна и умерена клиничка слика.

Министерот Филипче денес рече дека овој ковид – центар се очекува да почне да функционира на почетокот на следната недела, а истовремено уверуваше дека слободни кревети има во речиси сите сегашни ковид – оддели.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска