Хоспитализирани 36 пациенти со грип, еден во животозагрозувачка состојба

Од:

На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден се прегледани 24 пациенти со грип. Хоспитализирани се вкупно 36 пациенти со грип и компликации, информираат од здравствената установа.

На Одделот за интензивно лекување, како што посочија вчера од Клиниката, во животозагрозувачка состојба е 38-годишен пациент, кој има масивна пневмонија и е на механичка вентилација со потврден грип до типот AH1.

Од Клиниката вчера посочија дека изминатиот викенд починал 86-годишен пациент со масивна бронхопневмонија како компликација од грип од типот AH1. Пациентот имал и деменција и претходно прележана туберкулоза. Тоа е втор смртен случај од компликација од грип по минатонеделниот кога девојче почина на Универзитетската клиника за детски болести.

Би можело да ве интересира

ИЈЗ: Се намалува бројот на заболени од грип, досега починале 14 лица

Горан Наумовски

Намалување на бројот на заболени од грип

Регионот се бори со голема кашлица, во земјава веќе има седум случаи

Разрешена директорката на Клиниката за инфективни болести, Милена Стевановиќ, на нејзино место назначен Фадил Цана

Грипот зема замав, уште еден починат

Катерина Ѓуровски

Десетина пациенти со грип на Инфективна, една пациентка со потешка состојба на Пулмологија

Горан Наумовски