ХОПС: Петиција за финансирање на програмите за намалување штети од дроги од буџетот на РМ

Од:

Потпишување петиција за финансирање на програмите за намалување на штети од дроги, од буџетот на Република Македонија, спроведува Здружението на граѓани ХОПС како дел од меѓународната кампања „Support. Don’t Punish“ („Поддржи не казнувај“).

Петицијата може да се потпишe денеска до 18 часот на плоштадот „Македонија“ во Скопје, а истовремено е достапна и за онлајн потпишување на линкот.

– Програмите за намалување штети од употребата на дроги се исклучително важни од повеќе аспекти и ги сведуваат на минимум негативните ефекти што произлегуваат од употребата на дроги. Досегашното нивно спроведување доведе до само два нови случаи на ХИВ како резултат на инјектирање дроги, во последниве десет години во Македонија, а помалку од 5 отсто од 315 регистрирани случаи со ХИВ биле луѓе кои инјектираат дроги. Исто така, непостоењето на програмите е сериозна закана за јавното здравје, особено што се однесува на ХИВ и на хепатит Ц и има финансиски импликации, истакнуваат од Здружението.

Според пресметките, наведуваат од ХОПС, трошокот за еден клиент во програмите за намалување штети изнесува приближно 155 евра годишно. Наспроти ова, посочуваат, трошокот само за лекови за еден пациент заболен од хепатит Ц изнесува и до 13.194 евра.

ХОПС заедно со Платформата за одржливост на програмите за превенција и поддршка на ХИВ во која членуваат 16 здруженија на граѓани, појаснуваат од Здружението, иницираше кампања „Со клучни одлуки до здрава заедница“ чија главна цел е одржливост на програмите за намалување штети од употреба на дроги во Македонија.

Би можело да ве интересира

Во Солун сузбиена меѓународна криминална група, уапсени македонски и косовски државјанин

Предраг Петровиќ

Откриена е криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана

Запленети се 21 тон дрога со висок квалитет

Инцидент на „Блаце“: Косовски државјанин оттурна цариник, фрлаше oружје за да се спаси

Горан Наумовски

Полицијата во Сараево заплени дрога и оружје – осомничениот побегна

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски