ХОПС: 19 отсто од младите пробале психоактивни супстанции

Од:

Речиси девет отсто од граѓаните пробале нелегални дроги во текот на животот, а тоа го сториле и 19 отсто од младите на возраст од 15 до 24 години. Околу 1,1 отсто од граѓаните пробале опоидни дроги, а околу 6.800 ги употребуваат со инјектирање. Има деца на возраст од 10 години кои пробале психоактивни супстанции, но најважно е што тие нема каде да се лекуваат.

Ова денеска ја прес-конференција по повод 26 јуни, Меѓународен ден за борба против дрогата, го истакна извршниот директор на ХОПС, Ивица Деновски, кој рече дека направиле истражување за состојбата со лекувањето зависности во Скопје, Охрид и Штип.

Менаџерот за застапување во Здружението ХОПС – Опции за здрав живот, Влатко Деков рече дека се уште нема решение за дислоцирање на Центарот за лекување зависности, што се наоѓа во Кисела Вода, иако Министерството за здравство пред извесен период најави дека проблемот ќе биде решен за шест месеци. Во меѓувреме, посочи, имаше одредени обиди за дислокација на Центарот во друга населба, но бизнис секторот на таа локација се спротивстави на нејзиниот избор.

Од ХОПС ги поздравија иницијативите кои се однесуваат на тоа дека пристапот до лекување за опијатна зависност е без листи на чекање, за дисперзија на лекувањето со бупренорфин, еден од супститутите за лекување на опијатна зависност во повеќе градови и постоењето придружни програми за заштита на здравјето на луѓето кои употребуваат дроги.

– И покрај тоа што лекувањето е достапно во 10 градови, сепак на многу локации луѓето треба да патуваат и по неколку часа за да си го подигнат лекот. Околу 1.800 луѓе во државава се лекуваат од болести на зависност, што споредено со проценетата бројка на луѓе кои употребуваат дроги претставува една третина од оние кои имаат потреба за лекување, што е под европскиот просек, рече Цековски.

Потенцира дека недостигот на психосоцијална поддршка, рехабилитација и ресоцијализација најмногу се должи на недоволниот кадар со стручна подготовка за да одговори на потребите на голем број пациенти. На најголем дел од локациите не постои доволен број психијатри за да одговорат на индивидуалните потреби, а во некои центри се издава не под надзор на психијатар, туку на медицински лица од други специјалности (гинеколози, ортопеди…)

– Овие фактори придонесуваат за низок квалитет на лекување и голем број од луѓето кои се лекуваат од зависности терапијата која ја земаат ја злоупотребуваат и ја инјектираат во комбинација со дијазепам, нагласи Цековски.

Деков ги образложи можните решенија кои се однесуваат на лекувањето зависности, при што укажа дека треба да има достапност не само на метадон, туку и на бупренорфин во сите градови, да се отворат центри за лекување во градовите каде има потреба, а во Скопје да се дисперзира лекувањето зависности на најмалу четири различни локации.

Појасни дека постојат три центри од кои само два ги нудат опциите на метадон и на бупренорфин и додаде дека со отворање на уште еден ќе се намали бројот на пациенти во Центарот во Кисела Вода. Според него, во центрите треба да се воведе соодветна психотерапија, а оние клиенти кои се стабини и кои успешно функционираат терапијата да ја земаат од матичните лекари или од аптеките.

ХОПС веќе пет години е дел од кампањата „Поддржи, не казнувај“, чиј фокус годинава е проблемот со лекувањето на зависности.

Би можело да ве интересира

Притвор за дилер на дрога од Албанија

Ана Ололовска

На ГП „Богородица“ во автомобил пронајдени 11 килограми марихуана

Ана Ололовска

Поднесено обвинение за 22-годишен скопјанец за поседување околу еден килограм марихуана

Ана Ололовска

Отворена истрага за 22-годишен скопјанец кај кого е пронајден еден килограм марихуана

Ана Ололовска

Притвор за двајца албански државјани кои пренесуваа дрога

Ана Ололовска

На преминот „Богородица“ запленети 51 килограм марихуана

Ана Ололовска