Холанѓанец илегално влегол во Македонија – уапсен е во хотел во Струга

Од:

35-годишен државјанин на Холандија илегално влегол во Македонија. Неговото пристигнување во државава не било евидентирано на ниту еден граничен премин во земјава.

Откако нелегално влегол тој дошол во Струга каде си се пријавил и сместил во хотел.

Полицијата го пронашла холанѓанецот во хотелот и откако е извршена проверка утврдено е дека нема печат за влез во државава, како ни евиденција за негово минување на границата.

Во информацијата до МВР се вели:

„ На 18.05.2023 околу 14 часот од хотел во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го привеле А.Х.Д.М.(35) од Холандија, затоа што претходно остварил илегален влез во државата.

Тој бил предаден на полициски службеници за прекуграничен криминал и имиграции при Регионалниот центар за гранични работи Запад. По целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.“

Холанѓанецот освен што ќе добие пријава, тој ќе биде најверојатно и депортиран од земјава, а може да добие и забрана за повторен влез.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби