Хојт Ји утре во Македонија

Од:

Утре во Македонија доаѓа заменик помошникот државен секретар за Европа и Азија во Стејт департментот Хојт Брајан Ји, објави Радио Слободна Европа.

Засега не се знае неговата агенда и со кој се ќе се сретне во земјава. Тој доаѓа во време на сериозна политичка криза, закажани избори на петти јуни на кои ќе учествува само ВМРО ДПМНЕ и засега неуспешни обиди да се најде начин за промена на датумот на изборите и повлекувањето на аболиција од претседателот Ѓорге Иванов.

Последен пат Ји во Македонија беше во март годинава кога разговараше за спроведувањето на Договорот од Пржино. Тогаш тој порача дека одблиску ги следат подготовките за изборите, состојбата во медиумите, одвојувањето на партијата од државата и работата на Специјалното обвинителство.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада