Хојт Ји: Брзо формирање влада, партиите да го почитуваат СЈО и владеењето на правото

Од:

Среде преговорите за составување влада во Македонија и новите моменти со условите поставени во документот претставен од албанските политички партии, Гласот на Америка побара коментар од заменик-помошникот државен секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот, Хојт Ји, за начинот државата полесно да дојде до решение што ќе ја изведе државата од кризата.

-Сега е важно политичките партии да преговараат, да најдат начин да формираат коалициона влада. Мошне е битно политичките лидери да работат што е можно побрзо и поефикасно и да постигнат договор, за ова да не биде предолг процес. САД, секако дека го почитуваат суверенитетот на Македонија и можноста партиите да ја донесат таа одлука без мешање однадвор. Нашата улога во моментов е да набљудуваме, да понудиме совет за одредени принципи – како на пример, сметаме дека е важно новата влада да ги поддржува меѓународните определби, вклучувајќи ги и одредбите од Договорот од Пржино; партиите да стават јасно на знаење дека се определени да го почитуваат Уставот на државата, човековите права, да ги почитуваат институциите на државата, вклучувајќи ги и новите институции како Специјалното јавно обвинителство, да го почитуваат владеењето на правото и целите на граѓаните за интеграција во остатокот од Европа, да се приклучат во НАТО.

Веруваме дека политичките партии ќе се фокусираат на целите на нивните граѓани, а не на тесногради политички интереси, и дека ќе бидат во можност да постигнат договор за коалициона влада, којашто ќе може да соработува со ЕУ, со САД, со други меѓународни партнери, за земјата да се придвижи кон поголема интеграција.

Не би сакал да коментирам за никакви детали од платформата што ја споменавте, тоа е меѓу самите партии. Ги повикуваме нашите пријатели или лидери на овие партии да имаат на ум дека нивните граѓани сметаат на нив. Што е можно поскоро, да донесат одлука за влада што ќе може да ја води земјата кон подобра иднина, во демократска Европа, понапредна и постабилна“, изјави Хојт Ји.

Би можело да ве интересира

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски