Хјуман Рајтс Воч бара од Груевски да ја заштити ЛГБТ заедницата

Од:

Организацијата Human Rights Watch реагира за  односот на премиерот Груевски, како и на членовите на Владата, кои не ги осудија физичките напади кон ЛГБТ заедницата и притоа бара власта активно да ги заштити правата на ЛГБТ лицата во Македонија.

Покрај тоа, организацијата ја поттикнува власта експлицитно да ги додаде “сексуалната ориентација и родовиот идентитет”, како основа за недискриминација во македонското законодавство.

Во писмото упатено до премиерот Груевски, претседателот Иванов и министерот за правда Блерим Беџети, организацијата посочува дека Македонија е мала земја и недостигот на одговори од Владата, придонесува за ранливоста на ЛГБТ луѓето и ја доведува во прашање посветеноста на владејачката гарнитура во почитувањето на принципите за недискриминација и еднаквост.

– На 22. Јуни ЛГБТ центарот ја отвори „Неделата на гордоста“ каде на проекцијата на неколку кратки филмови присуствуваа преку 40 луѓе припадници на ЛГБТ заедницата. На настанот, се отвори и дискусија за правото на здравје во однос на трансродовите лица. Кратко време по започнување на настанот, по 18:30 часот, толпа од околу 30 луѓе се собраа пред Центарот и почнаа да извикуваат навредливи и понижувачки пораки и закани кон луѓето присутни внатре.

– Напаѓачите фрлаа камења и шишиња по Центарот. Внатре, според извештаите што ги добивме, луѓето биле исплашени и загрижени за својата безбедност. Пристигна полицијата и толпата побегна, оставајќи еден полицаец повреден откако бил погоден со предмет. На 25 Јуни, пак, толпа на луѓе се собра пред куќата на актерот Петар Стојковиќ, кој бил внатре со својот партнер. Насобраните извикуваа хомофобични изјави, како и закани кон неговиот физички интегритет.

– Воедно, агресорите фрлаа и камења на куќата. Актерот Стојковиќ го пријави инцидентот во полиција. Полицијата пристигна на местото на настанот, откако луѓето заминале – се вели во писмото упатено до премиерот Груевски, претседателот Иванов и министерот за правда Блерим Беџети.

Како што се вели во текстот, еден од лидерите на ЛГБТ Јунтајтед, чие име е познато на организацијата, добил неколку смртни закани по нападот ЛГБТ центарот. На неговата страница на Фејсбук добил пораки велејќи: “Ќе ви ја отсечеме главата” и “Ќе ви пукаме.” Од страв дека ќе биде убиен, го напуштил својот дом и се засолнил со пријателите.

Тој не се осмелува да ја напушти својата куќа и во суштна, претставува затвореник во Скопје.

– На 5 Јули неидентифукивани лица се обидоа да го потпалат ЛГБТ центарот. Според пишаните податоци од полицијата, во раните утрински часови околу 4:20 минути, противпожарната служба добила повик од непознато лице, кое го пријавило случувањето.

– Противпожарните служби реагираа брзо, со што го локализираше пожарот. Неколку часа подоцна, претставници на полициската инспекција пристигнаа на местото на настанот. Нивните преелиминарни наоди, покажуваат дека некој успеал да се качи на покривот на Центарот, при што биле отстранети десетина ќерамиди, истурил бензин на штиците од покривот. Полицијата беше известена за сите горенаведени инциденти, освен за смртните закани кон еден ЛГБТ активист.

– На прашањето на претставник од Human Rights Watch зошто не ја известил полицијата, тој одговорил дека тој го загубил сета верба во неа. Во моментот на пишување на ова писмо, не е познато дали полицијата ги испитува другите горенаведени инциденти. По пријавување на овие кривични дела, жртвите не слушнале никаков одговор од страна на властите – стои во текстот.

Од организацијата потсетуваат дека Европската комисија во 2009-та година, нотирала мал напредок во однос на спроведувањето на антидискриминаторската политика.

– Механизми за идентификување, прогонување и криминализирање на сите форми на дискриминација од страна на државни и недржавни тела наспроти поединци или групи уште не постојат. Основен закон за антидискриминација останува да се донесе. Дискриминација врз основа на пол, етничка припадност, инвалидност и сексуална ориентација опстојува се’ уште.

– Ниту Уставот ниту, пак, постојното законодавство идентификува сексуалната ориентација како основа за дискриминација. Лезбејки, геј, бисексуалци и транссексуалци (ЛГБТ) луѓе не се заштитени од директна или индиректна дискриминација и се стигматизирани, особено во руралните области. За жал, не е направен многу напредок во оваа област – стои во извештајот на ЕК.

Воедно, на 31 март 2010 година, Комитетот на министри на 47 земји членки на Советот на Европа, едногласно ги усвоил препораките за борба против дискриминацијата врз основа на сексуалната ориентација или родов идентитет. Македонија е членка на Советот на Европа и министерот за надворешни работи се согласил со препораките.

– Дел од тие препораки се дека Македонија треба да обезбеди ефикасна, брза и непристрасна истрага во врска со случаите на кривични и други инциденти, како и да преземе мерки за спречување на поттикнување и ширење омраза кон ЛГБТ заедницата. Притоа, Македонија како земја – членка има потпишано и дека јавните службеници треба да бидат охрабрени во промовирање толеранција и почитување на човековите права на ЛГБТ лицата, кога тие се вклучуваат во дијалог со претставниците на граѓанското општество, вклучувајќи ги и медиумите и спортски организации, политички организации и верските заедници.

– Принципите на недискриминација и еднаквост се во основата на меѓународниот систем на човекови права, според кој Македонија има направено јасни и задолжителни обврски да ги почитува. Универзалната декларација за човекови права утврдува дека “сите човечки суштества се раѓаат слободни и еднакви по достоинство и права” и дека “секој има право на сите права и слободи наведени во оваа Декларација, без разлика на било вид “. Овие принципи се повтори во текот на Меѓународниот пакт за граѓански и политички права и други големи договори на кои Македонија е потписничка – пишува организацијата во писмо упатено до македонската влада.

Human Rights Watch е независна организација посветена на одбраната и заштитата на човековите права.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски

Условна казна за скопјанец кој нападна припадник на ЛГБТ заедницата

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

A1on

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

A1on