Хидролошката состојба во охридскиот регион се стабилизира

Од:

Хидролошката состојба во охридскиот регион се стабилизира, благодарение пред се на поволните временски услови и драстично намалениот доток на води од реките на сливот на Охридското Езеро.

Веќе три дена нивото на Охридското Езеро е во тренд на опаѓање просечно по еден сантиметар секои два дена. Последните мерења покажуваат дека нивото на езерото се наоѓа на 694 метри надморска височина или за летири сантиметри пониско од претходно достигнатиот максимум.

Водостојот на реките од сливот на езерото бележат драстично опаѓање, што придонесува за севкупното стабилизирање на хидролошката ситуација. Кога станува збор за водостојот на акумулациите од сливот на Црн Дрим, забележано е намалување на истекот на вода преку одводните круни и кај вештачкото езеро Глобочица и на Дебарското Езеро.

Ситуацијата со Слатинското Езеро е непроменета, односно се намалува неговото ниво, но сепак останува проблемот со поткопаниот насип, односно ќе се чека на погодни услови за интервенција и санација на браната.

Обилните врнежи од дожд што го зафатија охридскиот регион изминатиот период резултираа со зголемена издашност на изворите и реките, додека самото ниво на Охридското Езеро достигна 29 сантиметри на максимално дозволената кота од 693,75 метри надморска височина.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец го запалил глисерот на брат му, огнот зафатил и зграда

Катерина Ѓуровски

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство