Хидрантите во „Глобал“ не работеле, потврдуваат пожарникарите кои го гасеа огнот

Од:

Неколку тимови на пожарните единици од Струмица и од околните градови ноќеска се бореа со пожарот кој го зафати трговскиот центар Глобал. Големиот оган кој го уништи објектот не бил единствениот проблем со кој се соочиле пожарникарите.

Хидрантите во објектот не биле во функција. Не работел ниту еден, односно во нив немало вода. За ова има потврда од пожарникарите. Информацијата ја објави струмичката ТВ ВИС.

Иста била ситуацијата и со хидрантите во градот. Нивните вентили не се компатибилни со опремата и стандардите на приклучокот кој го користат пожарникарите во Струмица. Во ваква ситуација пожарникарите се принудени да се враќаат до пожарната и да полнат вода што драстично им ја забавува работата.

Според инфoрмациите од пожарната служба, пожарот избувнал задниот дел од објектот. И покрај тоа што огнот е изгаснат утрово, во трговскиот центар дежураат пожарникари бидејќи објектот не е безбеден и ќе мора да се внимава уште некој ден.

Во пожарот комплетно се уништени десетина дуќани, зафатен е и делот во кој се сместени тезгите од зелениот пазар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он