А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Херитиџ предвидува македонско членство во НАТО на следниот самит

by А1он27/07/2012 - 11:01189
Share0

Американската фондација Херитиџ, која во пресрет на самитот на НАТО во Чикаго беше една од најактивните за поддршката на македонското членство, вчера во Вашингтон организираше конференција за состојбите во Jугоисточна Европа на која експертите на Херитиџ оценија дека Македонија ќе стане членка на следниот самит на НАТО.

Добивај вести на вибер

„Многу беше разочарувачки што Македонија не го доби своето тешко заработено членство во НАТО на самитот во Чикаго. Да бидеме искрени, Грците имаат поважни работи за кои треба да се грижат од името на Република Македонија. Ова прашање е единственото нешто што го попречува членството на Македонија во НАТО, и Грците кои сега се зависни од милоста на Европа, би требало и самите да ги поддржат своите соседи. Државниот секретар Хилари Клинтон изрази надеж дека Чикаго ќе биде последен самит на НАТО без проширување. Лично, јас сметам дека Македонија би требала да стане членка на НАТО уште утре, но реално, тоа најверојатно ќе се случи веќе на следниот самит на НАТО“, изјави аналитичарот Лук Кофи, кој пред самитот во Чикаго беше коавтор на труд на Херитиџ со кој повика Македонија да добие покана за членство.

„Сметаме дека самитот во Чикаго требаше да биде самит за проширување. На крајот, тој се сведе на самит за спроведување на претходно донесените одлуки од Лисабон. Но, со нашите иницијативи, со нашите средби на Капитол Хил, во Стејт департментот, во секретаријатот за одбрана, работевме проширувањето на НАТО да остане актуелно како тема за следниот самит“, додава Џо Фоли, кој ги промовира ставовите на повеќе балкански држави во Вашингтон.

Фондацијата Херитиџ е еден од водечките аналитички центри на американската десница, главно активен во прашањата на безбедноста и економските слободи. Џејмс Дин, заменик директор на програмата за владини истражувања на Херитиџ, оцени дека земјите од регионот на Балканот меѓу кои и Македонија се позитивен пример токму во областа на спроведените реформи и привлекувањето на странски инвестиции.

Интеграциите на Македонија и Балканот во целина биле тема на разговор и при посетата на словачкиот министер за надворешни работи Мирослав Лајчак на Вашингтон. Словачкото министерство за надворешни работи кусо информира дека на средбата на Лајчак со американскиот државен секретар Хилари Клинтон, таа ја поздравила улогата на Словачка во Западниот Балкан. Лајчак, заедно со австрискиот колега Михаел Шпинделегер, при нивната неодамнешна посета на Македонија изјавија дека спорот за името веќе не смее да ги блокира македонските интеграции во НАТО и во Европската Унија.

nato

Би можело да ве интересира

Трамп ги нарече сојузниците на НАТО кукавици: Се жалат на цените на нафтата, но не сакаат да помогнат

Предраг Петровиќ20/03/2026 - 17:4120/03/2026 - 21:15

Захарова: НАТО е заинтересиран само за едно нешто – да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија

Горан Наумовски18/03/2026 - 12:49

Руте: Членките на НАТО ја поддржуваат војната на Трамп против Иран

Горан Наумовски05/03/2026 - 07:23

Иранска балистичка ракета лансирана кон Турција соборена од воздушната одбрана на НАТО

Горан Наумовски04/03/2026 - 13:05

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски03/03/2026 - 15:5003/03/2026 - 17:51

Руте: НАТО не е вклучен во последните случувања на Блискиот Исток, но ќе го одбрани секој дел од својата територија

Горан Наумовски03/03/2026 - 15:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен